Стопанска лизинг - спонзор на Стопанска Триоџи Триатлонот во Скопје
Стопанска лизинг АД - Скопје по втор пат застанува во поддршка на еден од најинтересните спортски настани во Скопје.
Стопанска Триоџи Триатлонот ќе се одржи во Скопје на 14 мај при што учесниците ќе се натпреваруваат во трчање, пливање и велосипедизам.
Место на одржување
Стартот и целта на натпреварот ќе бидат во Спортскиот Центар "Борис Трајковски". Пливачкиот сегмент ќе се одржи на Базенот "Борис Трајковски", за велосипедскиот сегмент ќе се користи дел од булеварот Илинден, а трчањето ќе биде околу спортскиот центар.
Регистрацијата на учесниците е веќе отворена за една од категориите:
- Сениори (2003 и постари): 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање
- Јуниори (2007-2004): 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање
- Кадети (2010-2008): 375м пливање, 10км велосипед, 2,5км трчање
- Деца 2 (2013-2011): 175м пливање, 4км велосипед, 1км трчање
- Деца 1 (2014 и помлади - рекретивна категорија): 75м пливање, 2км велосипед, 500м трчање
- Мастерс 1 (1993-1984): 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање
- Мастерс 2 (1983-1974): 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање
- Мастерс 3 (1973 и постари): 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање
- Тимски триатлон: Tимoвите треба да се состојат од 3 членови (барем еден учесник од машки и еден од женски пол). Секој учесник штафетно одработува по една од дисциплините на спринт дистанцата: 750м пливање, 20км велосипед или 5км трчање.
Минималната возраст за велосипед сегмент и за трчањето е 16 години, а за пливањето е над 10 години со изјава од родител.
Повеќе информации за настанот можете да најдете на објавите за настанот.