header image

Оперативен лизинг

Оперативниот лизинг е краткорочен договор за закуп каде што периодот на договор е пократок од економскиот век на траење на Предметот на лизинг. Целта на овој лизинг е користење на предметот на лизинг за некоја привремена употреба и од таа причина е на краток рок. Кај овој тип на лизинг, Предметот на лизинг е префрлен за одреден период на користење на корисникот, но на крајот на договорот се враќа на неговиот сопственик

Карактеристики

  • Возилото земено под закуп не се регистрира во билансите на фирмата односно возилото не се прикажува како имот во сметководствените книги на закупецот

  • Овој начин на финансирање обезбедува јасен преглед и контрола на трошоците за секое возило (закупнината може да ги содржи трошоците за осигурување, сервисирање, замена на гуми)

  • При склучување на договор за закуп задолжително е каско осигурување.

  • Корисникот на возилото се третира како закупец на возилото.

  • Во билансот на состојба, закупот не се евидентира како средство и обврска. Во билансот на успехот целокупната закупнина се евидентира како материјален трошок. На овој начин свесно се влијае на намалување на добивката од работењето што повлекува намалени обврски по основ на даноци.

  • По истекот на договорот за закуп возилото не преминува во сопственост на закупецот.

  • Согласно потребите на закупецот се договара километражата која што е ограничена . По истекот на закупот Закупецот плаќа за секој дополнително направен километар од договореното.

Предности

  • Транспарентност на трошоци

  • Возилата не се книжат во основни средства

  • Закупот се книжи како трошок

  • Се намалува данок на добивка

  • Помалку ангажирани средства-поголема ликвидност

  • Можност за користење повеќе возила

Потребни документи за физички лица

Потребни документи за правни лица

Прочитајте ги општите услови за оперативен ризик.