Четврто издание на триатлонска трка, со поддршка од Стопанска лизинг

Четврто издание на триатлонска трка, со поддршка од Стопанска лизинг

4. Стопанска Триоги триатлон 2024 на 19 мај во Скопје

 

Четвртиот градски триатлон - спринт дистанца Стопанска Триоги триатлин 2024 ќе се одржи на 19 мај 2024 година во Скопје. Стартот и целта на натпреварот ќе бидат во Спортскиот центар „Борис Трајковски". Пливачкиот сегмент ќе се одржи на Базенот „Борис Трајковски", за велосипедскиот сегмент ќе се користи дел од булеварот Илинден, а трчањето ќе биде околу спортскиот центар.

Ова е настан на кој може да учествуваат натпреварувачи од сите можни возрасти и нуди иделни услови за почетници и професионалци од овој спорт.

-И оваа година ветуваме трка со која Скопје и спортската јавност ќе се гордее. Очекуваме и годинава да го достигнеме максималниот број учесници што условите ни го овозможуваат и се надеваме дека Скопје се повеќе гордо ќе стои на мапата на европски триатлон градови. Во овие тешки времиња за спортот, благодарни сме на сите поединци и општествено-освестени компании што ни помагаат да го организираме настанот, особено нашиот главен спонзор Стопанска лизинг - вели Данчо Ѓорѓијевски, организатор на трката од клубот „Триоги рејсинг“ од Скопје.

Kaтегории:

  • Сениори (2004 и постари): 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање;
  • Јуниори (2005-2008): 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање;
  • Кадети (2009-20011): 375м пливање, 10км велосипед, 2,5км трчање.
  • Деца 2 (2012-2014): 175м пливање, 4км велосипед, 1км трчање;
  • Деца 1 (2015 и помлади - рекреативна категорија): 75м пливање, 2км велосипед, 500м трчање;
  • Мастерс 1 (1994-1985): 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање;
  • Мастерс 2 (1984-1975): 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање;
  • Мастерс 3 (1974 и постари): 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање;
  • Тимски триатлон: Tимoвите треба да се состојат од 3 члена (барем еден учесник од машки и еден од женски пол). Секој учесник штафетно одработува по една од дисциплините на спринт дистанцата: 750м пливање, 20км велосипед или 5км трчање.

Минималната возраст за велосипед сегмент и за трчањето е 16 години, а за пливањето е над 10 години со изјава од родител.

27.03.2024

Веб-страницата на Стопанска лизинг АД - Скопје користи „колачиња“ кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Компанијата да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња“ давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата“. За други опции, одете во „Поставки за колачиња“. Дополнително, користењето на веб-страницата на Компанијата не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство.