Стопанска лизинг ДООЕЛ Скопје е дел од Стопанска банка АД - Скопје и е целосно посветена на креирање на нови понуди и финансиски услуги за своите клиенти.
Стопанска банка АД – Скопје е банка со најдолга традиција на македонскиот пазар. Основана како прва банка во државата во 1944 година, Стопанска банка ги постави темелите на банкарското работење и денеска претставува една од водечките системски значајни финансиски институции со најголемо кредитно портфолио, најсилна капитална основа, повеќегодишна висока профитабилност и развиен модел на корпоративно управување.