Стопанска лизинг започна со работа
На прикладна свеченост за претставниците на медиумите, деловните партнери, клиентите, како и менаџментот и вработените, Стопанска банка АД – Скопје денес го најави отпочнувањето со работа на својата нова компанија – Стопанска Лизинг. За Банката со најдолга традиција на пазарот и исклучителен историјат на раст, истрајност и успешност, дејноста лизинг е логично продолжение на сето она што Стопанска банка секојдневно им го обезбедува на своите многубројни клиенти.
Лоцирани во центарот на градот, веднаш до Спомен-куќата на Мајка Тереза, тимот професионалци ги отворија вратите на просториите на Стопанска лизинг за сите физички лица и компании на кои им се потребни финансиски или оперативни лизинг производи.
Свеченото отворање се одржа со присуство и целосна поддршка на претставниците од Управниот одбор на Стопанска банка и претставниците од Групацијата на NBG давајќи ѝ цврста потпора на новата компанија во планираниот развој и работење.
Користејќи ја приликата, Г. Диомидис Николетопулос, Генерален извршен директор и Претседател на Управниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје, изјави:
„Претставува голем предизвик да се носиме со наследство од речиси 80 години во банкарството, со постојан стремеж кон иновација и понатамошен развој со цел да се оствари уште посветла иднина. Но, тоа е она што ни го доверија нашите акционери и заедницата, и тоа е причината зошто неуморно работиме да докажеме дека Стопанска е бренд кој зрачи со сигурност, доверба, партнерство и развој.
Ми претставува задоволство што денес отпочнуваме со уште една дејност во нашето портфолио со ветување дека на клиентите на Лизинг компанијата ќе им овозможиме највисоко ниво на финансиска поддршка и советување, впрочем, како и на клиентите на Стопанска банка АД – Скопје.“
Г. Жарко Кржаловски, Директорот на Стопанска лизинг изјави:
“Денес сме тука за да ја одбележиме завршницата на еден подолг период на енергични подготовки, организациско структурирање и вложување со цел да се отпочне со нова приказна на пазарот. Со Стопанска лизинг пазарот се збогатува со нов финансиски партнер за компаниите и физичките лица, несебично поддржан од препознатливите брендови Стопанска банка и Групацијата на NBG. Денешното отворање на вратите е симболично, со оглед на тоа што сакаме да сме постојано отворени за нашите клиенти и да им понудиме одржливи лизинг продукти и услуги. Би сакал да им се заблагодарам на сите вклучени во овој процес и да ги поканам сите заинтересирани клиенти да нѐ посетат или контактираат!“
Сите информации за понудата на лизинг прозиводи се достапни во просториите на Стопанска лизинг.
Стопанска лизинг АД – Скопје
www.stopanskaleasing.mk
Стопанска банка АД – Скопје
На ваша страна
Фотографии и видео-материјал од настанот