Петти Стопанска Триоџи Триатлон, со поддршка од Стопанска лизинг
Стопанска лизинг АД - Скопје повторно застанува зад еден од највозбудливите спортски настани во државата - Стопанска Триоџи Триатлон.
Петтото издание на настанот ќе се одржи во Куманово, на 28ми септември. Учесниците од најразлични возрасти ќе ги одмерат своите сили во трчање, пливање и велосипедизам.
Место на одржување:
Стартот и целта на натпреварот ќе бидат пред Градскиот Базен во Куманово. Пливачкиот сегмент ќе се одржува во базенот, додека велосипедскиот сегмент и трчањето ќе се реализираат на стазите околку базенот.
Стартот на настанот е во 8:00 часот.
Регистрацијата на учесниците е отворена до 20.9.2025, за следните категории:
- Сениори (2005 и постари): 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање;
- Јуниори (2006-2009): 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање;
- Кадети (2010-2012): 375м пливање, 10км велосипед, 2,5км трчање.
- Деца 2 (2013-2015): 175м пливање, 4км велосипед, 1км трчање;
- Деца 1 (2016 и помлади - рекретивна категорија): 75м пливање, 2км велосипед, 500м трчање;
- Мастерс 1 (1995-1986): 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање;
- Мастерс 2 (1985-1976): 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање;
- Мастерс 3 (1975 и постари): 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање;
- Тимски триатлон: Tимoвите треба да се состојат од 3 членови (барем еден учесник од машки и еден од женски пол). Секој учесник штафетно одработува по една од дисциплините на спринт дистанцата: 750м пливање, 20км велосипед или 5км трчање.
Минималната возраст за велосипед сегмент и за трчањето е 16 години, а за пливањето е над 10 години со изјава од родител.
Пријавувањето е на следниот линк.
Повеќе информации за настанот можете да најдете на објавите за настанот на социјалните медиуми на Triogy Racing MKD.