Интервју по повод 1 година од Стопанска лизинг

Прочитајте го интервјуто за дневниот весник „Вечер“ реализирано по повод 1 година од отворањето на Стопанска лизинг.
Директорот на Стопанска лизинг, г. Жарко Кржалевски

Линк до целосното интервју.

  1. Пред една година, Стопанска банка започна нова приказна – Стопанска лизинг, нов финансиски партнер на компаниите и на граѓаните. Дали за овој релативно краток период, со понудените лизинг продукти и услуги, успеавте да поставите темели на успешна приказна?

– Формирањето и започнувањето со работа на Стопанска лизинг ДООЕЛ Скопје е уште една во низата континуирани активности на Стопанска банка АД – Скопје за проширување на палетата на финансиски прозиводи и услуги на нашиот пазар. Сѐ уште сме на почеток, но, секако, темелите на уште една успешна приказна се поставени и задоволни сме од оствареното во овие први 12 месеци. Понудивме конкурентни  производи во делот на финансискиот и на оперативниот лизинг, како за правни така и за физички лица, со потенцијал за понатамошен развој. Воспоставивме силен тим, кој стои зад квалитетната и брза услуга, на задоволство на нашите клиенти. Согласно со условите и понудата на пазарот, покрај возилата, гледаме можности за поголем развој и во делот за опрема и машини на лизинг, што ќе им овозможи на компаниите да не заостануваат во нивниот развој и нивна поголема ликвидност.

  1. Што е клучно во понудата на Стопанска лизинг? Што е она што најмногу се бара?

– Поради широката примена на лизингот како форма на финансирање, не можеме да издвоиме една најбарана услуга, меѓутоа секако дека застапеноста на автомобилите и на лесните комерцијални возила доминира. Притоа, мора да посочиме дека покрај лизингот за автомобили, компаниите сѐ почесто набавуваат секаков вид опрема и машини. Тоа што можеме да го потврдиме е дека соработуваме со најголемите дистрибутери на автомобили, на комерцијални, товарни и на специјализирани возила, на медицинска опрема и слично, па заинтересираните клиенти може да добијат брза пресметка и контакт за подетални информации.

  1. Какви сѐ услуги им нудите на клиентите?

– Оперативен и финансиски лизинг се основните наши производи. Секако, поради природата на предметот на лизинг, во консултација со нашите клиенти, го избираме најсоодветното решение, кое ќе биде приспособено на нивниот семеен или деловен буџет и ќе претставува брз и сигурен начин да се набави предметот на лизинг.

  1. Каква е состојбата со лизингот во земјава? Се чувствува ли пад на економската и финансиската моќ на компаниите и на граѓаните?

– Лизингот не е надвор од глобалните збиднувања. Бидејќи сме увозно зависен пазар, голема улога има и застојот во глобалната дистрибуција. Исто така, се чувствува пад во побарувачката поради економската неизвесност, висока инфлација, зголемување на цените и пад на куповната моќ.

  1. Какви се плановите на Стопанска лизинг за наредниот период, што може да очекуваат вашите клиенти?

– Во основата на нашите планови е натамошен раст на компанијата и зајакнување на нејзиното пазарно учество. Тимот на Стопанска лизинг, заедно со силната поддршка што ја имаме од нашиот сопственик, Стопанска банка АД Скопје, ги обезбедуваат сите потребни елементи и предуслови за целосно исполнување на нашите развојни планови на задоволство на клиентите, како на постојните така и на идните. Лизингот има иднина на нашиот пазар и голем простор за натамошен раст. Во тој процес, Стопанска лизинг, секако, ќе биде еден од главните играчи со значително учество во натамошното збогатување на нашиот пазар со производи и со услуги во делот на лизингот. Ги покануваме сите заинтересирани физички и правни лица да нè посетат и да ги осознаат сите предности на лизингот, на нивно големо задоволство.

(В.М.Б.)

09.10.2023

Веб-страницата на Стопанска лизинг АД - Скопје користи „колачиња“ кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Компанијата да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња“ давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата“. За други опции, одете во „Поставки за колачиња“. Дополнително, користењето на веб-страницата на Компанијата не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство.