Оперативниот лизинг е краткорочен договор за закуп каде што периодот на договор е пократок од економскиот век на траење на Предметот на лизинг. Целта на овој лизинг е користење на предметот на лизинг за некоја привремена употреба и од таа причина е на краток рок. Кај овој тип на лизинг, Предметот на лизинг е префрлен за одреден период на користење на корисникот, но на крајот на договорот се враќа на неговиот сопственик
Карактеристики
- Возилото земено под закуп не се регистрира во билансите на фирмата односно возилото не се прикажува како имот во сметководствените книги на закупецот
- Овој начин на финансирање обезбедува јасен преглед и контрола на трошоците за секое возило (закупнината може да ги содржи трошоците за осигурување, сервисирање, замена на гуми)
- При склучување на договор за закуп задолжително е каско осигурување.
- Корисникот на возилото се третира како закупец на возилото.
- Во билансот на состојба, закупот не се евидентира како средство и обврска. Во билансот на успехот целокупната закупнина се евидентира како материјален трошок. На овој начин свесно се влијае на намалување на добивката од работењето што повлекува намалени обврски по основ на даноци.
- По истекот на договорот за закуп возилото не преминува во сопственост на закупецот.
- Согласно потребите на закупецот се договара километражата која што е ограничена . По истекот на закупот Закупецот плаќа за секој дополнително направен километар од договореното.
Предности
- Транспарентност на трошоци
- Возилата не се книжат во основни средства
- Закупот се книжи како трошок
- Се намалува данок на добивка
- Помалку ангажирани средства-поголема ликвидност
- Можност за користење повеќе возила