Финансискиот лизинг претставува финансирање на купување со право на користење на предметот на лизинг до истекот на договорот. Корисникот на лизинг со уплата на последната рата станува сопственик на Предметот на лизинг. Преку лизингот, корисникот не вложува сопствени средства за набавка на машината или опремата, туку има обврска периодично да плаќа надомест за нејзино користење. Овој тип на лизинг овозможува по истекот на договорот, корисникот на предметот на лизинг да стане и негов сопственик.
Карактеристики
- Кај правни лица предметот на лизинг во билансите се води како основно средство што е важно за пресметката на амортизацијата
- За времетраењето на договорот за лизинг, сопственик на предметот на лизинг е давателот на лизинг
- По истекот на законски пропишаниот период од 1 година кај возила и 2 години кај недвижностите на договорот постои можност за откуп на предметот на лизинг.
- Со отплатата на последната лизинг рата и потпишување на купопродажен договор корисникот на лизинг станува сопственик над предметот на лизинг.
- При склучување на договор за лизинг задолжително е каско осигурување.
- Во билансот на состојба, финансискиот лизинг се евидентира како средства и обврски.
- Во случај на финасирање по пат на финансиски лизинг каматите и надокнадите се третираат како финансики расходи во билансот на успех на претпријатието, додека со плаќање лизинг ратата доаѓа до намалување на обврските по лизинг.
Предности
- Флексибилност – отплатата на лизингот се прилагодува на потребите на корисникот.
- Минимално учество
- Амортизационен план - јасна и прецизна калкулација на трошоците
Прочитајте ги Општите услови за финансиски лизинг