
Услови за користење
Правни аспекти
Ова е официјалната страница на Стопанска лизинг АД - Скопје. Стопанска лизинг АД – Скопје има комплетни авторски права врз содржината на веб страницата.
Корисниците кои пристапуваат до оваа веб страница ги имаат следните права:
- Да ја прегледуваат содржината
- Да превземаат, преведуваат или користат дел од информациите поставени на страницата исклучиво само со цитирање на изводот
- Да ги копираат или печатат материјалите достапни на веб страницата без комерцијални цели
- Да ги поврзуваат нивните страници со линкови до оваа веб страница (во случај тие линкови да се со бизнис/маркетинг цели ново прозорче треба да ја отвара од линкот веб страницата на Стопанска лизинг АД – Скопје)
- Секое физичко или правно лице кое базирано на информациите достапни на веб страницата ќе донесе одлука, ќе биде одговорен за успехот или неуспехот на одлуката која ја донел и сите загуби кои може да произлезат од неа
Стопанска лизинг АД – Скопје негира одговорност за содржината на надворешни веб страници кои може да се посочени во рамки на оваа веб страница.
Веб страницата на Стопанска лизинг АД – Скопје претставува збир на податоци и информации кои имаат цел да информираат. Стопанска лизинг АД – Скопје го задржува правото да ја менува содржината и структурата на веб страницата во секое време без претходна најава.
Производите и услугите опишани на оваа веб страница се однесуваат исклучиво на Стопанска лизинг АД – Скопје и се во комплетна сопственост на Компанијата.
Секој обид да се промени изгледот и содржината на страницата, со исклучок на правниот сопственик Стопанска лизинг АД – Скопје, како и создавањето линкови без претходна согласност на Компанијата ја ослободува Компанијата еднострано и без последици да ги користи своите права и да побара санкции за сторителите од компетентните служби.
Општи услови
Ова лого припаѓа исклучиво на Стопанска лизинг АД - Скопје и не може да се користи без да се има претходна писмена согласност. Било која употреба која не е во рамките на договореното со Компанијата , на било кој начин, било монетарен или не, претставува прекршување на правата. Присуството на логото на Стопанска лизинг АД - Скопје не е обврска или неотповикливо задолжение превземено од Компанијата, и не и гарантира на Компанијата одобрување на кредитот побаран од страна на трети лица, партнери на Компанијата, како и, не гарантира исполнување на обврските превземени од страна на партнерите.