Правни аспекти
Ова е официјалната страница на Стопанска лизинг ДООЕЛ Скопје. Стопанска лизинг ДООЕЛ Скопје има комплетни авторски права врз содржината на веб страницата.
Корисниците кои пристапуваат до оваа веб страница ги имаат следните права:
- Да ја прегледуваат содржината
- Да превземаат, преведуваат или користат дел од информациите поставени на страницата исклучиво само со цитирање на изводот
- Да ги копираат или печатат материјалите достапни на веб страницата без комерцијални цели
- Да ги поврзуваат нивните страници со линкови до оваа веб страница (во случај тие линкови да се со бизнис/маркетинг цели ново прозорче треба да ја отвара од линкот веб страницата на Стопанска лизинг ДООЕЛ Скопје)
- Секое физичко или правно лице кое базирано на информациите достапни на веб страницата ќе донесе одлука, ќе биде одговорен за успехот или неуспехот на одлуката која ја донел и сите загуби кои може да произлезат од неа
Стопанска лизинг ДООЕЛ Скопје негира одговорност за содржината на надворешни веб страници кои може да се посочени во рамки на оваа веб страница.
Веб страницата на Стопанска лизинг ДООЕЛ Скопје претставува збир на податоци и информации кои имаат цел да информираат. Стопанска лизинг ДООЕЛ Скопје го задржува правото да ја менува содржината и структурата на веб страницата во секое време без претходна најава.
Производите и услугите опишани на оваа веб страница се однесуваат исклучиво на Стопанска лизинг ДООЕЛ Скопје и се во комплетна сопственост на Компанијата.
Секој обид да се промени изгледот и содржината на страницата, со исклучок на правниот сопственик Стопанска лизинг ДООЕЛ Скопје, како и создавањето линкови без претходна согласност на Компанијата ја ослободува Компанијата еднострано и без последици да ги користи своите права и да побара санкции за сторителите од компетентните служби.
Општи услови
Ова лого припаѓа исклучиво на Стопанска лизинг ДООЕЛ Скопје и не може да се користи без да се има претходна писмена согласност. Било која употреба која не е во рамките на договореното со Компанијата , на било кој начин, било монетарен или не, претставува прекршување на правата. Присуството на логото на Стопанска лизинг ДООЕЛ Скопје не е обврска или неотповикливо задолжение превземено од Компанијата, и не и гарантира на Компанијата одобрување на кредитот побаран од страна на трети лица, партнери на Компанијата, како и, не гарантира исполнување на обврските превземени од страна на партнерите.